Свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“

Свеченостите по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ на 11 октомври ќе се одржат во Куманово, Скопје и Прилеп.

Куманово

Свеченоста за одбележување на празникот во Куманово ќе започне во 10:00 часот со положување на свежо цвеќе на Спомен – Костурницата. Потоа ќе следи интонирање на химната на Република Северна Македонија, од страна на воениот оркестар а ќе се обрати и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Скопје

Празникот  „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Скопје ќе се обележи со свечено положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел со почеток во 09:00 часот.

Прилеп

Во Прилеп, свеченостите за одбележување на празникот ќе се одржат пред споменикот на Методија Андонов-Ченто и пред  споменикот на Кузман Јосифоски-Питу со почеток во 08:30 часот. По што ќе следи марш во чест на паднатите борци, кој ќе започне во 08:50 часот од Участакот до Паркот на револуцијата. Во 09:30 часот делегациите ќе положат свежо цвеќе на Могилата на непобедените, по што свое обраќање ќе има министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.



 

Календар Влада: 
Петок, Октомври 11, 2019 - 09:00 to 11:00