Премиерот Заев и министерката Царовска на регионална конференција за ефективна социјална заштита по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

На 14.10.2019 (понеделник), со почеток во 10:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе се обратат на регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“.

Конференцијата ја организира Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНИЦЕФ, Светска Банка и Институтот за социјална работа и социјална политика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.

Конференцијата ќе се одржи во Скопје во хотел „Double Tree Hilton“.

После завршувањето на воведните обраќања, односно во 10:45 часот се предвидува заедничка изјава за медиумите.
 

Календар Влада: 
Monday, October 14, 2019 - 10:00 to 11:00