Соопштение за неработен ден за сите граѓани - 11.10.2019 (петок), 11 октомври - Денот на народното востание

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2019 година (петок), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.