Премиерот Заев и владина делегација на 15 и 16 октомври со економска работна агенда во Виена, Австрија

На 15 и 16 октомври, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економски ресорси, Кочо Анѓушев и министерот за здравство Венко Филипче ќе учествуваат на работни средби и панел дискусија со претставници на австриски компании каде ќе се дискутира за економскиот развој и инвестицискиот потенцијал во државата во организација на Мрежата за бизнис развој на Југоисточна Европа (South-East European Business Development Network, SEEBDN).

Дополнително, на 16 октомври, премиерот Заев ќе учествува на панел дискусија организирана од австрискиот Карл-Ренер Институт и Фридрих Еберт фондација за ЕУ перспективите на Република Северна Македонија и домашните реформски процеси.

Календар Влада: 
Tuesday, October 15, 2019 (All day) to Wednesday, October 16, 2019 (All day)