Премиерот Заев и владина делегација во посета на Брисел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска и утре (16 и 17 октомври), ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел. 

Премиерот Заев, заедно со заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров попладне ќе остварат средба со комесарот за проширување и соседска политика во Европската Комисија, Јоханес Хан. 

Веднаш после средбата која почнува во 16.30 часот, во зградата на Европската Комисија премиерот Заев и еврокомесарот Хан ќе дадат изјави за медиумите. 

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Заев потоа ќе има средба со претседателот на Европскиот парламент Давид Мариа Сасоли и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. 

Во текот на утрешниот ден, претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс.

Календар Влада: 
Wednesday, October 16, 2019 (All day) to Thursday, October 17, 2019 (All day)