Јавен оглас за вработување на извршител на определено време за пополнување на посебно работно место во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестиционата клима за домашните претпријатија

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
24.10.2019

Врз основа на член 22 став 1 алинеја 6, став 5, став 8, став 11 алинеја 9, став 13 и став 14 од Закон за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 27/2016,  35/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/2019), член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/2019), Правилникот за систематизација на работните места во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија бр. 43-5893/1 од 9.6.2015 година, бр. 43-5893/5 од 23.11.2015 година, бр. 04-5107/1 од 28.6.2016 година, бр. 04-5107/4 од 14.7.2016 година, бр. 47-2375/1 од 30.5.2017 година, бр. 47-2375/3 од 4.8.2017 година, бр. 47-2375/6 од 28.11.2017 година бр. 47-2375/8 од 11.12.2017 година, бр. 04-1317/2 од 31.1.2018 година,  бр. 04-1317/4 од 12.2.2018 година, бр. 04-1317/8 од 2.3.2018 година, бр. 04-1317/14 од 31.5.2018 година, бр. 04-1317/16 од 11.7.2018 година, бр.04-1317/19 од 14.8.2018 година, бр. 04-1317/24 од 18.9.2018 година, бр. 04-1317/28 од 2.10.2018 година, бр. 04-1317/31 од 12.11.2018 година, бр. 04-1149/1 од 7.2.2019 година, бр. 04-1149/4 од 1.7.2019 година и бр. 04-1149/10 од 15.7.2019 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува\

ЈАВЕН ОГЛАС 
за вработување на (1) извршител на определено време за пополнување на посебно работно место 
во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестиционата клима за домашните претпријатија заради извршување на работни задачи на посебен советник

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, заради пополнување на посебно работно место за извршување на работни задачи на посебен советник во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестиционата клима за домашните претпријатија, а со цел извршување на работни задачи на посебен советник, за ангажирање на 1 лице на определено време, до истекот на мандатот на функционерот во чиј кабинет се вработува, објавува јавен оглас за следнава позиција:

1. Посебен советник за унапредување на деловната клима во Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестиционата клима за домашните претпријатија

Потребни квалификации:

•    стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа  Бизнис информатика,
•    со или без работно искуство во струката.

Дневно работно време од 8:00 часот до 16:00 часот, неделно работно време 40 часа - од понеделник до петок, нето - плата 38.689,00 денари.

Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација: 
•    своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
•    кратка биографија (СV) со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
•    уверение за државјанство;
•    диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место.

Потребната документација во оригинал или фотокопија заверена на нотар да се достави до архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на следнава адреса:

Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Сектор за човечки ресурси 
бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје
(со назнака „за оглас за вработување“)

На другата страна на ковертот да се наведе работното место за кое се аплицира.

Рокот за доставување на потребната документација е 5 (пет) дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат. 

Ненавремената пријава и некомплетната документација нема да биде разгледувана. 

По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведеното работно место, уредните кандидати дополнително ќе бидат повикани на интервју во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.       

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.