Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на отворањето на 14. ПИКАРД конференција на Светската царинска организација на тема „Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт“

Утре, 22.10.2019 (вторник), со почеток во 10:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе се обрати на 14. ПИКАРД конференција на Светската царинска организација на тема „Паметни граници за непречена трговија, патување и транспорт“.  

Конференцијата ја организира Царинската управа на РСМ, како домаќин на 14. Светска царинска конференција – PICARD (Партнерства во царински истражувања и развој) и ќе се одржи во Скопје во хотел „Double Tree Hilton“.

Календар Влада: 
Tuesday, October 22, 2019 - 10:00 to 11:00