Настан за отпочнување на кампања за промоција на стручното образование и занимања

Во петок (25.10.2019) со почеток во 14:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Сибил Сутер Техада и директорот на УСАИД во РСМ, Ерик Јановски ќе учествуваат на настан за отпочнување на кампања за промоција на стручното образование и занимања.

Настанот ќе се одржи во Скопје, во СГГУ „Здравко Цветковски“ (ГУЦ), а реализацијата на кампањата за промоција на стручното образование и занимања е финансирана од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, Фондот за иновации и технолошки развој и Програмата за развој на Обединетите нации, со поддршка од Меѓународна организација на трудот.

После завршување на официјалниот дел, говорниците ќе направат обиколка во три практични часови во просториите на ГУЦ, а потоа во 14:45 часот ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Календар Влада: 
Friday, October 25, 2019 - 14:00 to 15:00