Учество на премиерот Заев на меѓународна конференција „Другиот во балканската култура“

На 26.10.2019 (сабота) со почеток во 10:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за култура, Хисни Исмаили и министерот за образование, Арбер Адеми ќе се обрати на отворањето на меѓународната конференција „Другиот во балканската култура“ во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

Целта на настанот е да се промовира научниот зборник „Балканологија I“ и ќе се одржи во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

Календар Влада: 
Saturday, October 26, 2019 - 10:00 to 11:00