Учество на премиерот Заев на Регионална конференција посветена на образованието

Денеска, 28.10.2019 (понеделник) со почеток од 15:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе се обрати на Регионалната конференција посветена на образованието, во организација на Здружението ,,Училишни лидери’’, што ќе се одржи во Музејот на македонската борба.

На конференцијата е најавено учество на претставници од образовни установи од повеќе земји од поширокиот регион, од нашата држава, како и од Европската асоцијација на директори. 

Календар Влада: 
Понеделник, Октомври 28, 2019 - 15:00 to 16:00