Маја Мојсова Мијовска, Национален координатор за трансплантација

Маја Мојсова Мијовска е родена на 2 февруари 1971 година во Скопје, каде завршува основно училиште. Со одличен успех го завршува средното училиште во скопската гимназија „Никола Карев” на отсекот биотехнологија со природни науки во 1989 година. Истата година се запишува на Медицинскиот факултет во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Дипломира во 1995 година. По завршениот едногодишен стаж, наредната година се здобива со лиценца за работа како доктор по медицина. 

Во 1996 година започнува со волонтирање на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување. Во 1999 година започнува со приватна специјализација по анестезија со интензивно лекување. Во 2001 година се вработува на истата клиника. Турнусот по анестезија во кардиохирургијата во траење од два месеца  го завршува во Малта во „St. Luke’s Hospital“ под супервизија на Проф. д-р. Зарб Адами. СоСо звање,специјалист по анестезија и интензивно лекување се здобива во 2003 година, кога успешно го завршува специјалистичкиот испит.  

Маја Мојсова Мијовска во 2003 година  добива стипендија од Владата на Израел (WFSA Committee of Education) во траење од еден  месец во Медицинскиот центар „Сорока“ на Одделот за анестезија и интензивно лекување под супервизија на Проф. д-р. Габриел Гурман. Таму ги проширува своите знаења во полето на третманот на болка и интензивно лекување. 

Во 2008 година го завршува курсот по регионална анестезија во Клиничкииот Ццентар- Љубљана. Во периодот од октомври 2009 до март 2010 година ја завршува тринеделната школа спонзорирана од Светската и Европската асоцијација на анестезиолози наречена „Teaching the teachers“ каде се здобива со диплома инструктор по анестезија. 

Во наредните години е организатор на ист таков курс во Македонија. Во 2011 година ја завршува школата за механичка вентилација во едукативниот центар на „Drager“ во Лубек – Германија и во наредните години врши едукација за механичка вентилација на анестезиолозите во Македонија.

Во 2011 година, аплицира за стипендија за едукација за болнички Координатор за трансплантација на „Astellas ISODP/TTS“ (иИнтернационална асоцијација за органодарителство ) и следната година се здобива со истата. 

Истата година поминува едукација во болницата „Сестре Милосрднице“ во Загреб- Хрватска во траење од три недели за детекција на мозочна смрт и одржување на потенцијален донор( едукација за  болнички Координатор). 

Работи заедно со одговорните во Министерството за здравство во изготвување и прилагодување на Законот за трансплантација на органи и ткива во Р. Македонија.Во наредните години е активна во делот за развивање на трансплантацијата од починат донор во Македонија. Во овој период е составен дел на мрежата на Северно- источната здравствена организација (South- eastern Europe Health Network) на Светската Здравствена Организација( WHO) каде  развива соработка со останатите балкански земји во подршка и развивање на трансплантацијата од починат донор. 

Во 2012 година се запишува на докторски студии при Медицинскиот Факултет во Скопје на делот клинички истражувања.

Во периодот од јуни до октомври  2013 година работи во болницата „Сабах Ал Ахмед“ во Кувајт.  

Во 2014 година, станува шеф на Одделот за анестезија во урологијата. Истата година е назначена од Министерство за здравство за болнички Координатор за трансплантација во кој  период започна развивањето на трансплантацијата од починат донор за прв пат во Р. Северна Македонија.Во 2015 година ја завршува напредната школа за болнички Координатор на Универзитетот во Барселона под покровителство на Transplant Procurement Management (TPMи се здобива со европска  диплома за болнички Координатор за трансплантација . 

Во декември 2016 година,  со успех ја брани својата докторска дисертација на тема  „Улогата на целниот централен венски притисок (ЦВП) врз раната функција на графтот кај бубрежна трансплантација од жив донор” и се здобива со звање - доктор на науки.

Во септември 2017, е назначена од Министерството за здравство за претставник на  (South- Еastern Europe Health Network) на Светската здравствена организација (WHO) во делот за трансплантација.

Во декември 2017, е назначена за раководител на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување( КАРИЛ).

Во август, истата година од Владата на Р. Македонија е назначена за Национален координатор за трансплантација. Во септември 2018 година е избрана за доцент на Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Во март 2019 е изгласана за претседател на Здружението на анестезиолози на Р. Македонија. 

Маја Мојсова Мијовска учествува на повеќе домашни и мегѓународни конгреси, семинари и симпозиуми како во Македонија така и пошироко како презентер и поканет предавач. 

Има изработено или учествувала во изработка на повеќе научни трудови во домашни и странски списанија.