161-ва седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 161 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа своја седница Владата ќе донесе став за предлог-одлуката за давање согласност на Спогодбата за статусна промена присоединување помеѓу Јавното претпријатие Колекторски систем Скопје и МЈП ПРОАКВА Струга.

На предлог на Министерство за внатрешни работи на седницата ќе биде разгледан Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за странци.

На денешната седница министрите во Владата ќе се произнесат по информацијата за напредок на имплементирање на Стратегискиот одбранбен преглед 2018, на предлог на Министерството за одбрана.

На дневниот ред на седницата денеска ќе се најде и информацијата за потребата од набавка и инсталација на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар за потребите на Јавните здравствени установи во Република Северна Македонија, како и информацијата за статусот на реализација на програмите за прекугранична и транснационална соработка кои се спроведуваат во рамки на Инструментот за претпристапна помош за период јануари-јуни 2019 година, што ќе ја презентира Министерството за локална самоуправа.

Редовната 161 седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

 

Календар Влада: 
Tuesday, October 29, 2019 - 00:00 to 23:45