Билатерална средба и прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли

Во понеделник (04.11.2019) во 16:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Посетата ќе започне во 16:00 часот пред Владата на Република Северна Македонија, по што делегациите ќе се повлечат на билатерална средба. По билатералната средба ќе има изјава за медиуми во медија центарот.

Календар Влада: 
E hënë, Nëntor 4, 2019 - 00:00 to 23:45