Премиерот Зоран Заев во работна посета на реконструкција на 110 kV далекувод ТС Штип-ТС Пробиштип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, утре 02.11.2019 година, со почеток во 09:30 часот, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева ќе имаат работна посета на реконструкција на 110 kV далекувод ТС Штип-ТС Пробиштип.

Истиот е финансиран со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба на далекуводот чини 2,45 милиони евра. Далекуводот е со должина од 25,21 км. Проектот претставува капитален инфраструктурен проект што ги поврзува трафостаниците ТС Штип и ТС Пробиштип и е од исклучителна важност за овој регион.

Календар Влада: 
E shtunë, Nëntor 2, 2019 - 09:30 to E diel, Nëntor 3, 2019 - 09:45