Средба на премиерот Заев со пратеникот на македонското малцинство во Албанија, Стерјоски: Благодарност за поддршката и оценка дека пријателствата меѓу државите и евроатлантските интеграции се шанса за перспективи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Васил Стерјовски, прв пратеник во Собранието на Република Албанија од македонското национално малцинство во Албанија и од скоро нов претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, партијата на македонското национално малцинство во Албанија.

На средбата е изразена благодарност за поддршката на премиерот Заев и на Владата, на македонското национално малцинство во Албанија што резултира со повеќе придобивки коишто се резултат на добрите пријателски односи меѓу двете држави.

Заеднички е констатирано дека добрите пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија отворија можности за надминување на повеќе наследени состојби од минатото и шанси за ефикасно работење на гранични премини, подобрување на инфраструктурата, образовни унапредувања во местата каде што живеат граѓани од македонското национално малцинство во Албанија.

На состанокот е заеднички заклучено дека перспективите на Република Северна Македонија и Република Албанија се во ЕУ и во НАТО и дека евроатлантскиот пат нема други алтернативи за земјите од регионот, бидејќи само на тој начин се можни вистински демократски слободи и права на граѓаните во државите и економски и културен развој согласно европските вредности.