163-та седница на Владата на Република Северна Македонија

На дневниот ред на денешната редовна 163-та седница на Владата на Република Северна Македонија е ставен на усвојување Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

На оваа седница Владата ќе ја разгледа и информацијата со Предлог-одлука за купување и адаптација на простор во новото седиште на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО.

На предлог на Министерството за здравство денеска ќе биде презентирана и информацијата за потребата од набавка и инсталација на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар за потребите на Јавните здравствени установи во Република Северна Македонија.

Календар Влада: 
Среда, Ноември 6, 2019 - 11:00 to Четврток, Ноември 7, 2019 - 11:45