Нина Ангеловска

Функција: 
Министер за финансии
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Биографија: 

Нина Ангеловска е министерка за финансии во Владата на Република Северна Македонија.

Родена е во Скопје во Јули 1988 година.
Нејзиниот животен пат накратко изгледа вака:

Средното образование го стекнува во гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин. Во 2010 година дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Економски факултет на департманот Е-Бизнис како најдобар студент на генерацијата и со постигнат успех од 9,94. Воедно ја добива Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

За време на студирањето Нина e ангажирана како демонстратор на Економскиот Факултет по предметите: Математика за бизнис, Статистика за бизнис и Веб Дизајн, а воедно зема учество на повеќе национални и меѓународни натпревари. Од меѓународни натпревари најзначаен е Balkan Case Challenge во Виена, поддржан од WUS Austria, каде Нина освојува 3то место, додека од националните најуспешна е на натпреварот за најиновативен бизнис план организиран од Националниот центар за развој на иновации и претприемништво каде освојува прво место, а со тоа и почетен капитал за реализација на нејзината бизнис идеја.

Професионалната кариера ја започнува со основање на првиот веб сајт за групни попусти во Македонија – Групер.мк, веднаш по дипломирањето со што стекнатото знаење го применува во пракса. Групер го предизвикува раздвижувањето на пазарот на е-трговија во земјава, доживува огромен успех, станува лидер на пазарот и се здобива со бројни награди и признанија.

Во исто време Нина продолжува со образованието на Економскиот факултет Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во 2012 година се стекнува со звање Магистер на економски науки во областа на е-бизнис менаџмент. Во 2013 година таа ги започнува докторските студии и во 2016 година се стекнува со научен назив Доктор на науки по организациски науки и управување при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Со нејзиното 9 годишно искуство во менaџирање на водечката компанија за е-трговија и успешната претприемачка приказна Нина е говорник, предавач и ментор на бројни настани, конфенреции и академии. Од 2012 година до денес Ангеловска има земено учество како говорник на над 300 домашни и интернационални настани меѓу кои Самитот на земјите од Западен Балкан во Лондон, Самитот на Форбс 30 под 30 во Софија, УНКТАД Неделата на е-трговија во Женава и многу други.

Пасијата, желбата и ентузијазмот за работа, прогрес и промени како и синергијата од науката и практичната работа и отвораат бројни можности. Нина е ангажирана како консултант на повеќе различни проекти меѓу кои соработка со УНКТАД, Македонски Телеком и други. Во 2017 година Американската Амбасада ја номинира за Глобалниот Самит на Претприемништво (Global Entrepreneurship Summit 2017) одражн во Индија, каде Ангеловска учествува како претставник претприемач од земјата.

Со мисија да креира поволна клима за раст и развој на индустријата иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија во земјата во декември 2017 година која Ангеловска ја води како Претседател. Таа е ко-автор на објавениот сеопфатен извештај за состојбата за е-трговијата под наслов “Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Р. Македонија” објавен во Јуни 2018 година.
Под програмата на Стејт Департманот на САД, “Tech Innovation and Entrepreneurship Professional Fellows Program”, во период Април-Мај 2018, Ангеловска престојува во САД каде работи во Центарот за претприемништво при “Универзитетот De Paul” во Чикаго.
Нејзниот потенцијал и напорна работа е меѓународно препознен. Во 2016 година еминентниот германски магазин The Hundert ја вбројува Ангеловска во листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи во Европа (100 Female Founders Europe), а во 2018 година магазинот Forbes ја наградува со престижното признание “30 под 30” (30 Under 30) за Европа во категоријата Малопродажба и Е-трговија.

Од 2018 година Ангеловска е член на управниот одбор на Европската Асоцијација за e-трговија (EMOTA) и член на советодавниот одбор во Фондацијата за е-трговија (Ecommerce Foundation). Во 2019 година станува и член на управниот одбор на Стопанската Комора на Македонија.

Исто така во 2019 година Ангеловска доби покана од УНКТАД да биде жена амбасадор за дигитилна трговија (eTrade for Women Advocate).