Јавна дискусија на тема „Вклучување на медиумската писменост во образованието“

Владата на Република Северна  Македонија во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) организира јавна дискусија на тема „Вклучување на медиумската писменост во образованието“.

Со овој настан се вклучуваме во Глобалната недела на медиумска писменост, а воведни обраќања ќе имаат министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар,  по што ќе следи дискусија. Настанот ќе го модерира Билјана Петковска, директорка на МИМ.

Јавната дискусија ќе се одржи на 7.11.2019 година (четврток) во НУБ „Св. Климент Охридски“ со почеток во 12:30 часот.

Календар Влада: 
Четврток, Ноември 7, 2019 - 12:30 to 14:30