Премиерот Заев ќе учествува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска и утре (7 -8 ноември 2019) ќе присуствува на состанокот на Светскиот економски форум во Женева, Швајцарија на тема „Стратешки дијалог на Западен Балкан“.

На состанокот во Женева најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан и претставници од поширокиот регион, на претставници од Европската комисија, од други организации и од организаторот, Светскиот економски форум.

За вечерва (7. ноември) е предвидена работна вечера, а утре (8. ноември) ќе има работна сесија на учесниците на Светскиот економски форум.

На состаноците се очекува да се разговара за политичката и економската клима во Европа, за предизвиците и можностите на политички и економски план, за развојот на Западен Балкан и фокусот кон позитивна агенда за иднината на регионот.

Календар Влада: 
E enjte, Nëntor 7, 2019 - 00:00 to E premte, Nëntor 8, 2019 - 23:45