164-та седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија утре ќе ја одржи редовната 164. седница со повеќе точки не дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На оваа своја седница Владата ќе го утврди Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

На утрешната седница на предлог на Министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ќе биде ставена на усвојување Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика владата ќе одлучува и по Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година. 

Министерство за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука.

Редовната 164. седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 9:00 часот. 

Календар Влада: 
Tuesday, November 12, 2019 - 09:00 to 10:00