Изјава за медиуми на премиерот Заев пред редовната 165-та седница на Владата на РСМ која ќе се одржи во Тетово

Владата на Република Северна Македонија својата редовна 165-та седница ќе ја одржи денеска, на 12 ноември во општинската сала на Тетово со почеток во 19:00 часот.

Непосредно пред почетокот на 165-тата редовна седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидена и изјава на претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, во холот на општинската зграда на Тетово.

Оваа седница, е втора во низата на седници кои ќе се одржуваат во различни региони во државата, со учество на градоначалниците од Полошкиот регион, од општините Тетово, Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино.

Календар Влада: 
Tuesday, November 12, 2019 - 19:00 to 19:15