Премиерот Заев на 14 ноември ќе учествува на годинашниот Самит во Солун

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на годинашниот Самит во Солун, кој под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос, ќе се одржи на 14 и 15 ноември.

Премиерот Заев, на овој самит е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да земат учество на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи", која ќе се одржи во четврток навечер на 14 ноември.

Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора. 

Календар Влада: 
Четврток, Ноември 14, 2019 (Цел ден)