Премиерот Заев ќе се обрати на отворањето на Бизнис форумот помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација

Со почеток во 10:00 часот во х. Хилтон, ќе започне работата на Бизнис форумот помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација, по тој повод на отворањето на настанот ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

На Бизнис форумот, кој ќе трае од 14 до 15 ноември, ќе се обратат и заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски. 

   

Календар Влада: 
Четврток, Ноември 14, 2019 - 10:00 to Петок, Ноември 15, 2019 - 10:45