Вицепремиерот Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Категорично изјавувам дека во извршувањето на функцијата заменик претседател на Владата задожлен за координација на економските ресори во целост се придржуам кон почитување на законските прописи. Соодветно на тоа и во комункацијата со сите останати институции во државата се водам од интересите на државата и  граѓаните согласно законските прописи.

Постапувајки по предметите иницирани пред ДКСК ги доставивме сите побарани податоци и документи со цел да им овозможиме да ја утврдат материјалната вистина.

Во конкретниот случај за  намалување на царинските  стапки за литиум- јонски батерии за акумулатори уште еднаш потврдувам дека во предметот имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување.

Не ги знам причините поради која антикорупциската комисија ја донела одлуката.  Откако ќе ја добијам на писмено ќе можам да дадам коментар за истата.

Убеден сум во законитостат и исправноста на моето работење и ќе ги преземам сите неопходни дејствија пред надлежните органи за да се докаже вистината, бидејки не сум го прекршил закските прописи.

Владата на Република Северна Македонија во полн капацитет одлучува по сите прашања што се поставуваат на владина седница и секаде каде што е можно да дојде до конфликт на интереси уредно сум се пријавил и сум поднел изјава согласно законот.