Јавен оглас за именување на директор на Инспекторатот за употреба на јазиците

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
28.11.2019

Врз основа на член 8 и член 28 од Законот за Инспекторат за употреба на јазиците („Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 220/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С
за именување на директор на Инспекторатот за употреба на јазиците

Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.    

За директор на Инспекторатот за употреба на јазиците може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следниве услови:

  • да има државјанство на Република Северна Македонија;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност илидолжност;
  • да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  • да има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
  • да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик: - ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода, - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или – АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
  • поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

  • кратка биографија;
  • уверение за државјанство; 
  • доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • доказ дека има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  • доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
  • меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик: - ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода, - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или – АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
  • потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Инспекторатот за употреба на јазиците “.

Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е (5) пет работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот во дневните весници, односно заклучно со 28 ноември 2019 година.

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.