Заврши Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен Медитеран во Вашингтон - Вицепремиерот Анѓушев оствари средби со претставници од политичкиот и економскиот живот и меѓународните финансиски институции

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, изминатите два дена учествуваше на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии - нови перспективи“ која се одржува во Вашингтон ДЦ, во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини. Вицепремиерот Анѓушев, заедно со грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и министерот за надворешни работи на Кипар Никос Кристодулидес, учествуваа на панелот „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран“, каде дискутираа за тековните проекти и идните предизвици во енергетскот сектор.

Во рамките на Конференцијата вицепремиерот оствари средби со државниот секретар за трговија во Стејт Департментот, Вилбур Луис Рос, како и специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан и заменикот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер,  како и со поранешниот амбасадор во Северна Македонија и сегашен помошник секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер со кои разговараше за  актуелните политички состојби во земјата како и за економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

По завршувањето на Конференцијата, Вицепремиерот оствари работни состаноци со потпретседателот на групацијата Светска Банка задолжен за Европа и Централна Азија, Сирил Милер и со потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите, Џорџина Бејкер, со кои разговараше за тековните и идни проекти во Северна Македонија со поддршка на овие две организации.