Премиерот Заев заедно со министерката Царовска и директорката на агенцијата за вработување, Јовановска ќе ја промовираат мерката Младински додаток

Во просториите на „Римес“ претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со министерката Мила Царовска и директорката на агенцијата за вработување Билјана Јовановска ќе ја промовираат мерката Младински додаток за сите млади граѓани кои имаат до 23 години и работат во производствена дејност.

Мерката е од исклучителна важност за младите луѓе во нашата држава со која се обезбедува континуитет и стимулација во гранките на производство во кои има дефицитарен кадар и недостасува кадар за работа.

Календар Влада: 
Петок, Ноември 22, 2019 - 12:00 to Сабота, Ноември 23, 2019 - 12:45