Премиерот Заев на настан за одбележување на 25. Ноември - Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жената

На 25.11.2019 година, со почеток во 19:00 часот во паркот „Жена борец“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе се обрати по повод одбележување на 25 Ноември - Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жената.

На настанот, „Нема оправдување - заедно против насилство врз жени и девојчиња“ покрај премиерот Заев ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Настанот, воедно, ќе биде и одбележување на стартот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Календар Влада: 
Monday, November 25, 2019 - 19:00 to 20:00