Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на Свечената академија што ќе се одржи вечерва во Народниот театар во Сараево, а на којашто е најавено дека ќе му биде доделена меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“.
Премиерот Заев во Сараево оди со потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, пратеникот во Собранието Ферид Мухиќ и заменикот министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.
Свечената академија ја организира Здружението „Клепсидра“ во кое што членуваат еминентни претставници на академската заедница во БИХ.
Почетокот на настанот е најавен за денеска, 27.11.2019 година во 20.00 часот.
На Свечената академија ќе се обрати премиерот Зоран Заев.
На настанот е најавено присуство на бројни гости од земјата и пошироко, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БИХ.