Премиерот Заев со министерката Царовска оди во работна посета на Подгорица

Премиерот Заев, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска е во работна посета на Подгорица, Република Црна Гора.

Предвидено е, утрово, премиерот Заев да има билатерална средба со неговиот колега, црногорскиот премиер, Душко Марковиќ.

Премиерот Заев е поканет и ќе присуствува и на Конгресот на ДПС на Црна Гора, каде ќе има кусо обраќање.  

Календар Влада: 
Saturday, November 30, 2019 (All day)