Настан по повод националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост (3 декември) и завршна конференција на ЕУ проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“

Во понеделник (02.12.2019) во 12:00 часот, во Свечена сала на Владата на РСМ, ќе се одржи настан по повод националното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост (3-ти декември) и завршна конференција на ЕУ проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“.

Настанот е во организација на Владата, Националното координативно тело за имплементација на конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, националниот совет на инвалидските организации на Македонија (НСИОМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за различности во медиуми (МДИ) од Лондон. 

Во првиот дел на настанот ќе се обрати претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, министрите Мила Царовска, Венко Филипче, Арбер Адеми и националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски.

Календар Влада: 
Понеделник, Декември 2, 2019 - 12:00 to Вторник, Декември 3, 2019 - 13:45