Промоција на Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи

Во петок (06.12.2019) со почеток во 12:00 часот во Медија центарот на Владата, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерката за финансии, Нина Ангеловска ќе се обратат на промоцијата на Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи. 

Проектот е имплементиран од страна на Министерството за финансии со средства од ЕУ за развој на руралната инфраструктура, во соработка со Светската банка како посебен сегмент за ИПА рурални инвестиции во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги.

Календар Влада: 
E premte, Dhjetor 6, 2019 - 12:00 to 13:00