169-та седница на Владата на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 169-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница на Владата ќе биде разгледана информацијата во врска со барањето за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, на предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Центарот за управување со кризи за оваа седница ја предлага точката информација за усвојување на Меморандум за соработка/разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) за спроведување/реализација на здружена вежба „Северна Македонија 2020“.

На денешната седница Владата ќе го утврди текстот на предлог-законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење

Министрите во Владата ќе ја разгледаат и информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 - 2023, со Акциски план, на Министерството за економија.

За оваа седница на Владата на РСМ е предвидена и информацијата за прогресот на изградба на станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи и станови наменети за продажба.

Редовната 169-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

Календар Влада: 
Вторник, Декември 10, 2019 - 00:00 to 23:45