Официјална посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на Република Чешка

Во вторник (17.12.2019), претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација на официјалната посета на Република Чешка, каде што ќе биде пречекан од претседателот на Владата на Република Чешка, Андреј Бабиш.

Во Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија покрај премиерот Зоран Заев учествува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Како дел од посетата на премиерот Заев предвидена е тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција со премиерот Бабиш.

Делегацијата предводена од премиерот Заев ќе одржи средба со делегацијата на Радек Вондрачек, кој е претседател на Домот на заменици на парламентот на Чешката Република.

Календар Влада: 
Tuesday, December 17, 2019 (All day)