Обраќање на премиерот Зоран Заев на отпочнување на работите за изградба на сточарска фарма „Голд Ланд“ во с. Славеј, Прилеп

Во понеделник (23.12.2019) со почеток во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе се обрати на настан за отпочнување на работите за изградба на сточарска фарма „Голд Ланд“ во с. Славеј, во околината на Прилеп.

На настанот свои обраќања ќе имаат и заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски.

Календар Влада: 
Понеделник, Декември 23, 2019 - 10:00 to Вторник, Декември 24, 2019 - 10:45