Премиерот Зоран Заев на потпишување на нов договор за странска инвестиција со Скејл Фокус од Република Бугарија

Во медија центарот на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи настан по повод потпишување на договор за соработка со најголемата софтверска компанија Скејл Фокус од Република Бугарија, која во наредните 5 години ќе инвестира 45 милиони евра и ќе отвори повеќе од 300 работни места.

На церемонијата ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и основачот и главниот извршен директор на компанијата Скејл Фокус, Пламен Цеков.

Календар Влада: 
Monday, December 23, 2019 - 13:30 to 14:30