Прес-конференција по повод потпишување на спогодба помеѓу Министерство за образование и наука и СОНК

Во медија центарот на Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи прес-конференција по повод потпишување на спогодба помеѓу МОН и СОНК за покачување на платите на вработените во основните и средните училишта. На прес-конференцијата ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

Календар Влада: 
Четврток, Декември 26, 2019 - 09:30 to 10:30