Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 174-та седница што се одржа денеска, го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година.
Предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор на нашата земја со НАТО, ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на РСМ, се предвидува да стапи во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”, по што ќе биде депониран во Вашингтон, откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во полноправно членство во алијансата.