Потпишување на договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје - Блаце

На 16.01.2020 во просториите на Влада на Република Северна Македонија - Медија центар, ќе се потпише Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце помеѓу ЈП за Државни патишта, претставувано од Директорот, Зоран Китанов и А.Д. Гранит преставувано од Генералниот Директор, Зоран Милковски. На настанот присутни ќе бидат Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, во улога на координатор на Владата за проектот Скопје - Блаце, Бујар Османи и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Календар Влада: 
Thursday, January 16, 2020 - 12:00 to Friday, January 17, 2020 - 12:45