Премиерот Спасовски во Кочани, владина делегација во Скопје, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици ќе присуствува на чинот на свеченото фрлање на крстот во Кочанска река (Градски парк) во 11:30 часот.

Премиерот Спасовски во Кочани ќе биде придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и пратеникот Сашко Костов.

Календар Влада: 
E diel, Janar 19, 2020 - 11:30 to 12:30