ЈАВЕН ОГЛАС за именување на тројца иследници на Комитетот за водење на сериозни несреќи, несреќи и инциденти на железничкиот систем

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
24.01.2020

Врз основа на член 16 од Законот за сигурност во железничкиот систем („Службен весник на Република Македонија“ бр.48/2010, 23/2011, 53/2011, 158/2011, 137/2013, 163/2013, 42/2014, 166/2014, 147/2015, 193/2015, 31/2016, 52/2016, 63/2016, 71/2016, 35/2018 и 64/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС за именување на тројца иследници на Комитетот за водење на сериозни несреќи, несреќи и инциденти на железничкиот систем

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува тројца иследници на Комитетот за водење на сериозни несреќи, несреќи и инциденти на железничкиот систем од кои еден ќе се именува за одговорен иследник.

2. За иследници на Комитетот за водење на сериозни несреќи, несреќи и инциденти на железничкиот систем може да бидат именувани лица кое ги исполнуваат следните услови: да имаат завршено најмалку високо образование (VII/1 степен или минимум 240 кредити според ЕКТС) од областа на машинските, електротехничките, сообраќајните или градежните науки, со работно искуство со најмалку пет години од областа на железничкиот сообраќај и/или железничката инфраструктура, со активно познавање на англиски јазик и познавање на прописите од областа на железницата.

3. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
-Кратка биографија;
-Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од областа на машинските, електротехничките, сообраќајните или градежните науки;
-доказ дека има најмалку пет години работно искуство од областа на железничкиот сообраќај и/или железничката инфраструктура;
-доказ за активно познавање на англиски јазик и
-доказ за познавање на прописите од областа на железниците.

4. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување иследници на Комитет за водење на сериозни несреќи, несреќи и инциденти на железничкиот систем “.

5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е заклучно со 24 јануари 2020 година.

6. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.