ЈАВЕН ОГЛАС за именување заменик-директор на Управата за јавни приходи

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
24.01.2020

Врз основа на член 10 и член 11 од Законот за управата за јавни приходи 43/2014, 61/2015, 27/2016, 35/2018, 83/2018 и 7/2019) и Одлуката на Министерството за финансии за распишување на јавен оглас за именување на заменик-директор на Управата за јавни приходи бр.20-215/1 од 13.1.2020 година, Владата на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за именување заменик-директор на Управата за јавни приходи

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик-директор на Управата за јавни приходи на предлог на министерот за финансии, за период од четири години.

2. За заменик-директор на Управата за јавни приходи може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
-да е државјанин на Република Македонија;
-во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
-да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
-да има најмалку пет години работно искуство;
-да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификат или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:ТОЕФЕЛ  ИБТ најмалку 74 бода,ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)- најмалку ниво Б2 (B2).

3. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
-Кратка биографија;
-Уверение за државјанство; 
-Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
-Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование;
-доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
-Меѓународно признат сертификат или уверениe за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен, БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS)-најмалку ниво Б2 (B2).

4. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик-директор на Управата за јавни приходи “.

5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е заклучно со 24 јануари 2020 година.

6. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.