Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска ќе оствари средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој доаѓа во работна посета на нашата земја, на покана на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Средбата на премиерот Оливер Спасовски со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел ќе се одржи во Владата на Република Северна Македонија со почеток во 18:00 часот.

Календар Влада: 
E premte, Janar 24, 2020 - 18:00 to E shtunë, Janar 25, 2020 - 18:45