Директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски ќе учествува на 68-миот Национален молитвен појадок во САД

На традиционалниот Национален молитвен појадок во Соединетите Американски Држави ќе учествува директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Во рамките на посетата Сотировски ќе оствари повеќе работни средби - средба со Џил Диетрих, деск офицер за Северна Mакедонија во Стејт департментот, средба со претставници на Kомисијата на САД за меѓународни религиски слободи и средба со конгресменот, Роберт Адерхолд. Дополнително директорот Сотировски ќе учествува на европскиот собир и собирот на регионот на југоисточна Европа кој се одржува во рамки на Националниот молитвен појадок. По завршувањето на меѓународната агенда, ќе оствари средби и со претставници на неколку македонски црковни општини во САД.

Националниот молитвен појадок е традиционална манифестација на која секоја година присуствуваат повеќе од 3.500 гости, претседатели, премиери, политичари, претставници од бизнис секторот, верски лидери и истакнати личности кои дебатираат на различни политички и социјални теми. Годинава се одржува по 68-ми пат.

Календар Влада: 
E mërkurë, Shkurt 5, 2020 (All day) to E enjte, Shkurt 6, 2020 (All day)