ЈАВЕН ПОВИК за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – зелени површини

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија - Генерален секретаријат
Рок на пријавување: 
14.02.2020

ЈАВЕН ПОВИК
 за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – зелени површини

I.    ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени со Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година („Службен весник на Република Македонија" бр.277/2019) (во понатамошниот текст: Програмата), дел II став 1, преку утврдување на потребата за спроведување на мерки за намалување на аерозагадувањето и намалување на високите концентрации на PM10 и PM2.5 со хортикултурно уредување на зелени дворни површини на градинки, основни и средни училишта и здравствени објекти во општините на територијата на Република Северна Македонија.

II.    ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик имаат:

•    градовите/општините на територија на Република Северна Македонија, кои имаат високо ниво на аерозагадување, односно висока концентрација на РМ10 и РМ2.5, согласно податоците од мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем во Република Северна Македонија за 2019 година

•    градовите/општините на територија на Република Северна Македонија кои немаат мерни станици во рамките на Државниот автоматски мониторинг систем во Република Северна Македонија 

III.    ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА УЧЕСНИКОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ

Учесниците на јавниот повик за реализација на Програмата се должни да достават:

-    Пополнето барање за јавен повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година;

-    Предлог на локации по приоритет (градинки, основни и средни училишта и здравствени објекти,) кои немаат зелени уредени дворни  површини или имаат потреба од нивно уредување доколку постојат, во целост или во одредени сегменти;

-    Преглед на дворни зелени површини за уредување со опис и скица (тревна површина, двореди плодородни и хортикултурни дрвја или зелени ѕидови -огради, ароматични билки и сл.) во градинки, основни и средни училишта и здравствени објекти (постојни или нови) по приоритетен избор;

-    Податок за број на деца/лица кои престојуваат во градинките или посетуваат настава во градинките, основните и средните училишта и здравствени објекти. 

IV.    НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Пополнетото барање се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на градоначалникот на општината, заедно со потребната документација согласно дел III од овој јавен повик.

Барањето со комплетираната документација се доставува во затворен плик, преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата на Република Северна Македонија, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ“, а под тоа да стои „За реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година“.

Барањата кои нема да ги содржат бараните податоци на овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

V.    РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Јавниот повик ќе трае 10 (десет) дена од денот на неговото објавување во дневните весници, односно барањата треба да се достават најдоцна до 14.02.2020 година до 16 часот. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

VI.    ПОСТАПКА И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ И ОДОБРУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Постапката за избор на корисниците – градовите за реализација на Програмата за 2019 година, ја спроведува комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат, составена од 5 членови и 5 заменици-членови, и тоа: еден член и еден заменик-член од редот на вработените во Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, еден член и еден заменик-член од редот на вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање, еден член и еден заменик-член од редот на вработените во Министерството за финансии, еден член и еден заменик-член од редот на вработените во Министерството за економија,  еден член и еден заменик-член од редот на вработените во Министерството за локална самоуправа.

Комисијата одлучува врз основа на доставените барања и комплетната документација, а согласно следните критериуми:

Критериуми (за сите општини/градови каде има  податоците од мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем во Република Северна Македонија за 2019 година Бодови
1. Број на денови со надминување на концентрациите на  PM10 и PM2.5 над среднодневни гранични вредности за 2019 година 

30

2. Големина во м² на зелена дворна површина за уредување (со тревна површина, плодородни и хортикултурни дрвја или зелени ѕидови),  постојна или нова со приоритет на местоположба директно изложена на загадување (непосредна близина на сообраќајници и др. потенцијални загадувачи) 20
3. Број на деца/лица кои престојуваат во градинките или посетуваат настава во основните и средните училишта и број на лица кои ги користат услугите на здравствените објекти  (за секоја од предложените локации) 20
4. Детално разработен преглед на предложени локации -градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти(постојни или нови)
( Преглед на дворни зелени површини за уредување со опис, површина  и скица-тревна површина, плодородни и хортикултурни дрвја или зелени ѕидови,ароматични билки,сезонско цвеќе и сл)
30
Вкупно бодови 100

 

Критериуми (Општо- градовите/општините на територија на Република Северна Македонија кои немаат мерни станици) Бодови
1. Големина во м² на зелена дворна површина за уредување (со тревна површина, плодородни и хортикултурни дрвја или зелени ѕидови),  постојна или нова со приоритет на местоположба директно изложена на загадување (непосредна близина на сообраќајници и др.потенцијални загадувачи)

50

2. Број на деца/лица кои престојуваат во градинките или посетуваат настава во основните и средните училишта и број на лица кои ги користат услугите на здравствените објекти  (за секоја од предложените локации) 20
3. Детално разработен преглед на предложени локации -градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти(постојни или нови)
( Преглед на дворни зелени површини за уредување со опис,површина  и скица-тревна површина, плодородни и хортикултурни дрвја или зелени ѕидови,ароматични билки,сезонско цвеќе и сл)
30
Вкупно бодови 100

VII.    ВИСИНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ОПРЕМА

Поддршката за намалување на аерозагадувањето ќе се врши од предвидените средства во дел IV од Програмата, преку доделување опрема во согласност со дел IV, точка 1.1. При поднесување на документацијата потребно е општините да ги наведат проектите по приоритет. Во случај на еднакви бодувања на проектите од страна на Комисијата, распределбата на средствата ќе биде пропорционално.

VIII.    ПРИЛОЗИ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Барањето е составен дел на Јавниот повик и може да се обезбеди во електронска верзија преку интернет-страницата на Владата на Република Северна Македонија: https://vlada.mk

IX.    ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИИ

За дополнителни информации барателите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022.