Обраќање на премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и министерот Сугарески на церемонијата на потпишување на договори меѓу МЕПСО и „Енергоинвест“ од БиХ и „Кончар“ од Хрватска

На 07.02.2020 во 10:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со заменичката претседателка во Владата задолжена за координација со економските ресори, Мила Царовска, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева, директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, Анди Аранитаси, претставници на компаниите „Енергоинвест“ од Република Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Република Хрватска ќе присуствуваат и ќе се обратат на церемонијата на потпишување на договори меѓу МЕПСО и „Енергоинвест“ од БиХ и „Кончар“ од Хрватска.

Настанот ќе се одржи во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија.
 

Календар Влада: 
E premte, Shkurt 7, 2020 - 10:00 to E shtunë, Shkurt 8, 2020 - 10:45