Прес-конференција на министерот Манчевски, министерката Ангеловска и заменик претседателот на „Мастеркард“ Валтон

На 7 февруари 2020 (петок) со почеток во 13:00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министерката за финансии, Нина Ангеловска и заменик претседателот на „Мастеркард“, Чарлс Валтон, ќе одржат заедничка прес-конференција. Потоа ќе следи потпишување на меморандум за соработка за воспоставување услуга за дигитална идентификација.

Прес-конференцијата ќе се одржи во медија центарот на Влада на Република Северна Македонија.

Календар Влада: 
E premte, Shkurt 7, 2020 - 13:00 to 14:00