Обраќање на премиерот Спасовски на Свечената академија по повод одбележување на 75 години настава на македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз“ - Битола

Денеска, 7 февруари 2020 година, (петок) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, ќе се обрати на Свечената академија по повод одбележувањето на Јубилејот 75 години настава на македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз“ - Битола.

Свеченоста ќе се одржи во салата на Народниот театар, во зградата на Центарот за култура во Битола, со почеток во 18:00 часот.

Календар Влада: 
Петок, Февруари 7, 2020 - 18:00 to 19:00