Свечено отвoрање на твининг проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот”

На 14-ти февруари 2020 година, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот (НКСНЕБТ) и Министерството за внатрешни работи, во соработка со Делегацијата на Европската Унија, Карабиниери во соработка со Агенцијата „Studiare Sviluppo“ од Република Италија, ќе го претстават Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“.

Промоцијата на проектот и првата работна средба ќе се одржат во Владата на Република Северна Македонија (Свечена сала), на 14 февруари со почеток во 09:30 часот.

 

Календар Влада: 
Петок, Февруари 14, 2020 - 09:30 to 11:00