Премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и министерот Димковски во посета на Тиквешијата по повод одбележувањето на Св. Трифун

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата, Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на 14.02.2020 ќе го посетат тиквешкиот регион, Неготино, Кавадарци и Демир Капија, по повод празникот Св. Трифун.

Заменичката на претседателот на Владата, Царовска ќе даде изјава за медиумите од 10:00 до 10:30 часот во винарската визба Попова Кула, Демир Капија.

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски во 11:00 часот ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“, по што е предвидена изјава за медиумите од министерот Димковски. 

Премиерот Спасовски и владина делегација ќе присуствуваат и на приемот, кој по повод празникот на лозарите и виното го организира градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, како и на симболичното закројување на винови насади кое по овој повод ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци.

По традиционалната церемонија на закројување, планирана е заедничка прошетка и посета на изложбените штандови во центарот на Кавадарци, по што околу 14:00 часот е предвидена изјава на премиерот Спасовски.

Календар Влада: 
Friday, February 14, 2020 - 00:00 to 23:45